ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп и Путин ќе се сретнат на Алјаска на 15 август, ќе...

Трамп и Путин ќе се сретнат на Алјаска на 15 август, ќе има размена на територии

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во петокот на својот профил на социјалната мрежа „Truth“ објави дека неговата „долгоочекувана средба“ со рускиот колега, Владимир Путин, ќе се одржи на 15 август во северозападната американска држава Алјаска.

Претседателот на САД, кој постојано ветуваше дека ќе ја заврши војната во Украина, во последните месеци неколку пати разговараше со рускиот претседател по телефон, но не го видел лично откако се врати во Белата куќа.

Се очекува главната тема на состанокот да биде завршувањето на војната во Украина.

Откако се врати во Белата куќа во јануари, Доналд Трамп се зафати со поправка на односите со Русија, настојувајќи да ја заврши таа војна, иако неговите јавни коментари осцилираа помеѓу восхит и остра критика кон Путин.

Објавата на Трамп на „Truth“ дојде откако тој рече дека двете страни, вклучувајќи го и украинскиот претседател Володимир Зеленски, се блиску до договор за прекин на огнот што би можел да го реши тригодишниот конфликт.

Зборувајќи со новинарите во Белата куќа во петокот, Трамп посочи дека договорот ќе вклучува размена на територии.

„Ќе има размена на територии во корист на двете страни“, рече Трамп.

Во услови на растечко разочарување поради одбивањето на Путин да ја запре воената офанзива на Русија, Трамп се закани дека ќе воведе нови санкции врз Москва почнувајќи од петок, како и врз земјите што купуваат стоки од нејзиниот извоз, освен ако рускиот лидер не се согласи да го прекине три и пол годишниот конфликт со Украина.

Специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф, разговараше со Путин во Москва во среда, како дел од тридневната посета. Двете страни ги оценија разговорите како конструктивни.

Кремљ потврди рано во саботата дека рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретне со својот американски колега Трамп во Алјаска во петок, 15 август, опишувајќи го изборот на местото на средбата како сосема логичен.

„Американската страна штотуку објави договор за организирање средба меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп во петок, 15 август, во Алјаска. Русија и САД се блиски соседи, земји што граничат една со друга, па затоа изгледа сосема логично нашата делегација едноставно да прелета над Беринговиот теснец и толку важен и очекуван самит на лидерите на двете земји да се одржи во Алјаска“, изјави дипломатскиот советник на Кремљ, Јуриј Ушаков, како што објави новинската агенција РИА.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП