Јури Ушаков, советник на рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека Вашингтон ѝ доставил на Москва предлог за примирје што Кремљ го смета за „целосно прифатлив“.
Да ве потсетиме дека вчера во Кремљ се одржа состанок меѓу американскиот претставник Стив Виткоф и рускиот претседател Владимир Путин.
Полскиот портал „Онет“ ги објави клучните точки од тој план, кои вклучуваат прекин на огнот меѓу Русија и Украина, но не и целосен мировен договор.
Што точно предвидува американскиот план?
-де факто признавање на руската контрола врз окупираните територии со замрзнување на статусот на тие територии за период од 49 до 99 години, без формално правно признавање.
-укинување на поголемиот дел од санкциите наметнати врз Русија и конечно враќање на рускиот гас и нафта на светските пазари
Во контекст на предложениот план, „замрзнувањето“ на прашањето за окупираните територии за неколку децении би било форма на де факто признавање на руската контрола, но без меѓународен правен легитимитет.
Она што не е во планот се гаранции за непроширување на НАТО, а САД, според тој предлог, ќе продолжат да обезбедуваат воена помош на Украина.
Сега чекаме на најавената средба меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговите цели за таа средба се да престане да убива Украинци и да воспостави прекин на огнот.



