Работниците го чекаат последнииот потег на народните избраници. Да го изменат Законот за минималната плата и да донесат зголемување на минималецот и тој да биде во висина од 500 евра. Велиме дека ова е нивна последна шанса за се докажат за чии интереси работат бидејќи до крајот на овој работен ден или најдоцна до утре собранието треба да ги распишае локалните избори, а потоа се се замрзнува. Пратениците заминуваат и на својот годишен колективен одмор. ССМ во текот на вчерашниот ден достави предлог до пратениците, сега останува тие да постапат по нивното барање.
Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека барањето за зголемување на минималната плата е оправдано, потребно и одржано, базирано и на споредбите со другите земји, како и на економските и социјалните услови во Македонија. Тоа е и причината велат што бараме Собранието на Македонија и пратениците веднаш да пристапат кон Законска процедура и истите да се одважат на нивото на задачата за што се избрани и да го прифатат предлогот на работниците, со што ќе биде овозможено започнувајќи од платата за месец Август 2025 година.

