ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денеска македонските производи во Америка ќе се царинат за плус 15...

Од денеска македонските производи во Америка ќе се царинат за плус 15 %

Денес стапува на сила новата даночна политика на САД која ја тангира и Македонија. Наместо првично најавените 33 отсто зголемени царини за македонските производи кои ќе се извезуваат во Соединетите американски држави, царините ќе изнесуваат плус 15 отсто од тоа што досега се плаќало. Ова го одлучи Американскиот претседател Доналд Трамп кој реши да воведе повисоки царини на голем број на држави кои извезуваат производи во најмоќната светска држава.

Засега не треба да бидеме загрижени како држава, во овој правец се изјавите како на властите така и на бизнис секторот дека овие давачки нема ништо сериозно да ни го расипат ефектот на вредноста на надворешно трговската размена со странство, со оглед на фактот дека вредноста на стоки кои од Македонија се извезуваат изнесуваат нешто над 100 милиони долари.

„Благодарни сме што тарифата е корегирана на 15 отсто, преговараме со САД за уште пониски царинските стапки. Од она што го видовте како соопштение од страна на Кабинетот на претседателот на САД Доналд Трамп, ова е прва фаза, ова не е договор. Ова не се ни царини, ова се трговски маржи. Ние сме од 33 проценти намалени на 15. Преговорите продолжуваат. Во моментот се наоѓаме на една условно кажано пауза. Веднаш по годишните одмори коишто ќе ги користи и администрацијата и од Кабинетот на претседателот Трамп и канцеларијата на трговскиот претставник на САД, но и нашите луѓе во Министерството и институциите, очекуваме во втората половина на август да продолжиме со преговорите“, ова е изјава на премиерот Христијан Мицкоски.

Во регионот највисоки царини на САД ќе и плаќа Србија и тоа 35 отсто за извоз на нејзините производи во Америка, а ништо подобро не помина ниту Босна и Херцеговина која ќе биде тарифирана со 30 отсто зголемени царини. Пониски царини од Македонија ќе плаќаат Албанија и Црна Гора кои ќе имаат 10 отсто царини за нивните производи извезени во САД. Од западно европските држави најмногу настрада Швајцарија која доби од Трамп царини во висина од 39 отсто.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП