Еден од главните парадокси на денешницата е големиот број на неработени лица, во однос на слободните работни места кои ги има македонскотот стопанство. Економскиот факултет при Универзитетот Свети Кирил и Методиј, подготви една аланиза за состојбите со работоспособното население. Од податоците со кои тие располагаат може да се забележи дека ова е веќе глобален проблем, но се почесто ваквите состојби се случуваат и во македонскиот пазар на труд.
Официјалните податоци велат дека стапката на невработеност изнесува околу 12 отсто во Македонија и во исто време има слободни работни места кои се на ниво од околу два отсто. Но согласно компетенциите и квалификациите, научното или образовното ниво на тие невработени лица не се во состојба да ги пополнат празните работни места. Ова е еден од главните наоди на истражувањето. Доколку се погледне малку под површината на оваа стапка на невработеност, очекувањата се дека за околу две години таа ќе падне под психолошката граница, под 10 отсо нешто што е типично за државите од Европската унија.
„Околу 70 проценти од невработените лица немаат востопставено одржливо вработување повеќе од 12 месеци, односно тие се сметаат за долгорочно невработени, а 50 проценти од нив немаат воспоставено оддржливо вработување повеќе од четири години. Невработените лица кои немаат вработување четири години е поради тоа што тие немаат квалификации, вештини, а дури не се ни охрабрени да влезат на пазарот на труд. А тоа е поради тоа што не се доволно компетентни, да воспостават некое одрживо вработување“, стои во анализата.
Според експертите, македонскиот пазар на труд е поделен на добри и на лоши работни места. Добри работни места се оние кои испорачуваат ефикасност и висока продуктивност, добиваат високи и задоволителни плати. Вработените имаат извесност и можност за кариерен напредок, и ако се анализираат овие работни места, може да се каже дека македонските работници се рамо до рамо со нивните колеги од високоразвиените држави.
Меѓутоа, значаен дел од пазарот на трудот е пополнет со така наречено лоши работни места, со работни места од секундарниот сегмент кои што се карактеризираат со ниско ниво на продуктивност, ниско ниво на ефиксносност, работниците немаат никаков пристап до обуки и преквалификации, има незивесност на нивните работни места и тоа кажува дека пазарот на трујдот во Македонија е заглавен на едно многу пониско ниво.
Една од мерките и активностите кои теба да ги спроведат креаторите на политиките според извештајот е да ги зголемат програмите за вработување и да обезбедат поголеми финансии за поддршка на стопанството за креирање на нови работни места.
И.П



