Според пресметките на Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во јули 2025 година се зголемени за 0.5 % во однос на претходниот месец.
Цените на угостителските услуги во јули 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, сe зголемени за 5.0 %.
Цените на угостителските услуги во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 5.3 %, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 1.6 %.
Цените во угостителството, по групи, во јули 2025 година, во однос на јуни 2025 година, се зголемени за:
-0.4 % кај Храна
-1.6 % кај Алкохолни пијалаци
-0.9 % кај Безалкохолни пијалаци
-0.2 % кај Ноќевања



