ПочетнаЕКОНОМИЈАДел од здравствените работници со договор на дело конечно добија решенија за...

Дел од здравствените работници со договор на дело конечно добија решенија за работа!

Вработување со достоинство – победа на правдата и лидерство, вака Независниот синдикат на здравствените работници го слави успехот што голем дел од здравствените работници по години чекање добија решение за вработување. Синдикалците велат дека нивното искуство во водењето преговори било клучно во целиот процес.

Извесен период во секторот здравство се објавуваат огласи за трајно вработување. Според информациите до кои дојде Денар пред една недела беа распишани околу 150 огласи за вработување во здравствените установи во Прилеп. Вакви огласи се пуштени и во неколку други поголеми центри низ државата. Од Независниот синдикат на здравствените работници велат дека и во следниот период ќе бидат објавени дополнителни огласи за вработување и со тоа ќе се реши една голема неправда на здравствените работници со која се соочувале со години.

„Благодарение на социјалниот дијалог што се води во рамки на владата на Република Македонија, конечно започна решавање на една долготрајна неправда. Луѓето кои со години работеа со договор на дело, заборавени, игнорирани, и без никаква сигурност денеска конечно добиваат признание и стабилност. Оваа влада предводена од премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу покажува што значи вистинска грижа за граѓаните“, велат од НСЗР.

Синдикалците додаваат дека на овој начин се работи за системско  организирање со јасна цел за трајна трансформација на договорите на дело во работните места со неопределено време. Многу работници веќе добија сигурно работно место, и уште многу други ќе добијат напоменуваат синдикалците, бидејќи велат дека тоа тие го заслужуваат.

„Ова е повеќе од административна прфомена. Ова е порака, вашата работа вреди, вашиот труд е препознаен. Овие луѓе не се само вработени, тие се столбовите на нашето здравство, на нашето општество, на нашата иднина“, додаваат од синдикатот.

Со години НСЗР преку протести и штајкови го изразуваше своето незадоволство и се бореше вработените кои имаат нерешен статус да добијат решение за вработување. Во неколку наврарти синдикатите беа под големи притисоци  но на крај сепак извојуваа една голема победа, победа која е заедничка со здравствените работници.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП