ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД ја предупредуваат Кина за санкции поради купувањето руска нафта

САД ја предупредуваат Кина за санкции поради купувањето руска нафта

САД ја предупредија Кина за можноста за секундарни санкции против нејзините компании што купуваат руска нафта, изјави министерот за финансии Скот Бесант, цитиран од „Reuters“.

„Кина е многу заинтересирана за својот суверенитет. Ние не сакаме да се мешаме во нивниот суверенитет – ако сакаат да плаќаат 100% царини… нека платат“, рече Бесант.

Тој истакна дека предлогот на сенаторите Линдзи Греам (Републиканска партија) и Ричард Блументал (Демократска партија) има широка поддршка во Конгресот.

Законот предвидува воведување санкции во форма на царини од 0 до 500% за увоз на стоки од земји што купуваат руски енергетски ресурси. Целта е да се намалат приходите во рускиот буџет, кој главно се потпира на продажба на нафта и природен гас.

Според Бесант, претседателот Доналд Трамп ќе избере 100% царина, а повеќето западни партнери што ја поддржуваат Украина ќе се приклучат на мерките.

Главни купувачи на руска нафта се Кина, Индија и Турција. Според аналитичарите, Индија е склона да се откаже од руската нафта бидејќи преговара за трговски договор со Соединетите Американски Држави.

„Reuters“, исто така, објави дека Казахстан и Турција водат разговори за зголемување на количината на нафта што се транзитира преку нафтоводот Баку-Тбилиси-Џејхан.

Од почетокот на војната во Украина, Казахстан се обидува да се дистанцира од Русија. Во летото 2022-ра година, земјата регистрираше свој вид нафта (дотогаш се продаваше како „Урал“ бидејќи нивните карактеристики се слични) и избегнува транзит на нафта низ Русија.

Аналитичарите се сомневаат дека Трамп ќе воведе 100% царина за Кина, дури и ако земјата продолжи да купува руски енергетски суровини. Сепак, пазарите почнуваат помирно да гледаат на таа перспектива.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП