ПочетнаКОМПАНИИБАНКИСтопанска банка АД Скопје со силни перформанси за периодот јануари-јуни 2025 година

Стопанска банка АД Скопје со силни перформанси за периодот јануари-јуни 2025 година

Стопанска банка АД Скопје во првото полугодие од 2025 година продолжи со остварување солидни резултати и висока профитабилност. Добивката на Банката пред оданочување во анализираниот период изнесува 2.022.904 илјади денари, што е за 2 % повеќе споредено со истиот период од претходната година.

Нето-приходите од камати изнесуваат 2.908.376 илјади денари и се намалени за 6 % во однос на истиот период од минатата година како резултат на намалените каматни стапки, но се поголеми од буџетираните за 1 %.

Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 399.637 илјади денари и се намалени за 7 % во однос на анализираниот период во 2024 година, како резултат на зголемените расходи од провизии кои ги наплатуваат добавувачите на соодветните сервиси и истовремено намалување на провизиите кај одредени сервиси во интерес на клиентите.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 102.145 илјади денари и се зголемени за 30 % во однос на анализираниот период од минатата година како резултат на зголемениот обем на активности.

Останатите приходи од дејноста изнесуваат 471.802 илјади денари.

И покрај сè уште присутните инфлаторни притисоци и ценовни флуктуации, Банката продолжува со оперативна ефикасност во однос на контролата на трошоците од работењето. Притоа, останатите расходи од дејноста и трошоците за вработени изнесуваат 534.242 илјади денари и 647.608 илјади денари респективно и се за 10 % повисоки во однос на истиот период од претходната година.

Одржувањето на квалитетот на кредитното портфолио и управувањето со кредитниот ризик се во приоритетните цели на Банката. Според тоа, на крајот на првото полугодие од 2025 година, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 555.830 илјади денари.

Како резултат на сето наведено, остварената добивка пред оданочување и резервации изнесува 2.578.734 илјади денари, додека добивката пред оданочување на 30.06.2025 година изнесува 2.022.904 илјади денари и е за 2 % повисока во однос на истиот период од минатата година.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП