ПочетнаЗДРАВЈЕНаучниците поврзуваат еден вид исхрана со помал ризик од рак на белите...

Научниците поврзуваат еден вид исхрана со помал ризик од рак на белите дробови

Во изминатите неколку години, сѐ повеќе се зборува за исхрана која истовремено го штити нашето здравје и планетата.

Научниците и експертите истакнуваат дека промената на навиките во исхраната влијае не само на телесната тежина и нивото на енергија, туку и на долгорочниот ризик од сериозни болести. Сепак, клучот не е во строгото негирање, туку во тоа колку често и колку доследно избираме.

Значи, станува збор за „диета за планетарно здравје“ – модел развиен во 2019-та година од страна на Комисијата „EAT-Lancet“, со цел зачувување на здравјето на луѓето и одржливоста на животната средина. Во пракса, ова значи дека исхраната содржи претежно храна базирана на растенија: овошје, зеленчук, интегрални житарки, мешунки, јаткасти плодови и здрави масти. Вклучени се и мали количини риба, живина и млечни производи, додека додадените шеќери, преработеното месо и рафинираните житарки се сведени на минимум.

„Во оваа диета, поголемиот дел од протеините доаѓаат од растителни извори“, објаснуваат научниците, според „EatingWell“.

„Не треба веднаш да правите драстични промени во вашата исхрана“

Во голема анализа на повеќе од 200.000 луѓе од „UK Biobank“, научниците откриле дека секое зголемување на придржувањето кон „планетарно здрава исхрана“ го намалува ризикот од смрт за три проценти, а ризикот од рак на белите дробови за девет проценти.

Тие не пронајдоа значајна поврзаност со срцеви заболувања, но забележуваат дека процентот на учесници кои всушност ја следеле оваа диета бил релативно низок. Ова значи дека резултатите се ветувачки, но треба да се толкуваат со претпазливост.

И покрај ограничувањата на студијата, експертите ги истакнуваат многуте придобивки од зголемувањето на внесот на храна од растителна основа – од зајакнување на цревната микробиота и намалување на воспалението до подобар внес на влакна, антиоксиданси и здрави масти.

„Не треба веднаш да правите драстични промени во вашата исхрана, започнете со мали чекори, како што се јаткасти плодови и овошје како закуски“, велат авторите.

„Планетарно здрава исхрана“, како што покажуваат други студии, може да биде едноставен и ефикасен начин за долгорочна благосостојба и за нашите тела и за планетата.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП