ПочетнаЕКОНОМИЈАДигитализацијата и вештачката интелегенција го менуваат банкарството: Што ги чека банкарите кои...

Дигитализацијата и вештачката интелегенција го менуваат банкарството: Што ги чека банкарите кои работат во продажба?

Банките низ светот, но и во Македонија, веќе некое време се соочуваат со одредени промени поттикнати од брзиот технолошки развој, дигитализацијата на услугите и растечкиот притисок за оптимизација на трошоците. Продажниот персонал, кој традиционално беше срцето на банкарските филијали, сè почесто се соочува со реалноста на трансформација или адаптација на нови улоги или ризик од губење на работното место.

Сè повеќе услуги се автоматизираат, како што е одобрување на кредити па се до отворање трансакциски сметки. Клиентите денес можат преку мобилна апликација или веб сајт да аплицираат за кредит, да добијат одобрување за неколку минути и да ја потпишат документацијата дигитално, без воопшто да влезат во банка.

Оние банкари што работат во продажба се сè повеќе под притисок да достигнат високи KPI цели, во услови каде директната интеракција со клиентите опаѓа. Дополнително, новите системи засновани на вештачка интелигенција почнуваат да ги заменуваат нивните традиционални улоги, со прецизни препораки за клиентите, предиктивна анализа и автоматско таргетирање на потенцијални купувачи.

Иако алгоритмите стануваат сè попаметни, човекот сè уште има улога која не може лесно да се автоматизира, како емпатија, доверба, способност да се разберат сложени семејни или деловни ситуации. Тоа значи дека банкарите кои ќе се вложат во унапредување на своите комуникациски, советодавни и аналитички вештини, ќе бидат вредни ресурси и во новото дигитално банкарство.

Редакцијата на Денар ќе ја следи темата со посебно внимание, анализирајќи ги промените на пазарот на труд и реакциите на банкарскиот сектор во следните месеци. Ако сте дел од банкарскиот сектор и сакате да го споделите вашето искуство, слободно пишете ни!

С.Б.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП