ПочетнаЗДРАВЈЕРедовната активност е важна, но исто така е важно и времето на...

Редовната активност е важна, но исто така е важно и времето на вежбање

Редновното вежбање е познато како еден од најефикасните начини за одржување на здравјето на срцето. Но, според ново истражување објавено во април 2025-та година, не е важно само колку и како вежбате, туку и кога.

Според Американската асоцијација за срце, речиси 130 милиони возрасни лица имаат некаков облик на кардиоваскуларни заболувања. Додека стапките на срцев удар се намалија во последните 60 години, смртните случаи од срцева слабост се зголемија за 146%, а смртните случаи од висок крвен притисок за 106%. Затоа, сè повеќе експерти ја нагласуваат важноста на превенцијата преку промени во животниот стил.

Новата студија, објавена во престижното списание „Medicine & Science in Sports & Exercise“, се фокусираше на влијанието на циркадијалните ритми, или внатрешните биолошки часовници врз здравјето на срцето и белите дробови. Научниците сакаа да откријат дали „ритмичката“ рутина на вежбање, усогласена со природните циклуси на будење и одмор, може да донесе дополнителни здравствени придобивки.

Тие тестирале ритам, не само интензитет

Во студијата учествувале 799 лица со просечна возраст од 76 години. Учесниците носеле акцелерометри, уреди што го следат движењето, седум дена, а потоа биле подложени на тестови за стрес на срцето и белите дробови и анализа на потрошувачката на енергија при одење.

Резултатите покажале дека луѓето кои вежбале порано во текот на денот, и во исто време секој ден, имале најголеми придобивки. Не бил клучен видот или времетраењето на активноста, туку конзистентноста и утринското време.

„Нашите активности што ги повторуваме во исто време секој ден можат да му помогнат на телото да остане во рамнотежа со својот природен ритам“, објасни водачот на студијата, д-р Карин Есер, за „Medical News Today“.

Со други зборови, кога вежбаме редовно и во согласност со нашиот внатрешен часовник, поголема е веројатноста да го одржиме здравјето на срцето и белите дробови.

Утринското вежбање носи дополнителни придобивки

Овие резултати се темелат на претходни истражувања. Студија од 2023-та година објавена во списанието „Obesity“ открила дека луѓето кои вежбаат помеѓу 7 и 9 часот наутро имаат помал индекс на телесна маса (ИТМ). Друга студија, објавена во списанието „Vascular Health and Risk Management“, откри дека утринскиот тренинг во 7 часот наутро може да има корисен ефект врз крвниот притисок.

Општ заклучок: утрото е оптимално време за вежбање, особено ако целта е одржување на кардиоваскуларното здравје.

Што велат експертите?

Американското здружение за срце вели дека најважно е да пронајдете рутина што ви одговара и што можете постојано да ја следите. Не постои универзална формула, но ако имате можност, утринските вежби би можеле да бидат најдобриот избор.

И клиниката Мајо потврдува дека 30 минути умерена активност дневно е оптимална цел за повеќето луѓе. Одење, возење велосипед, лесно џогирање или јога, сето ова се примери за активности што можат да му помогнат на вашето срце, без оглед на возраста или нивото на физичка подготвеност.

Иако секоја физичка активност има позитивен ефект врз здравјето, времето од денот кога вежбаме може дополнително да ги подобри овие ефекти. Утринските вежби, особено ако се прават редовно и во исто време од денот, можат да бидат моќен сојузник во спречувањето на срцеви заболувања.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП