ПочетнаЕКОНОМИЈАЗелениот картон останува во магла – Националното биро за осигурување молчи

Зелениот картон останува во магла – Националното биро за осигурување молчи

Сè уште немаме добиено официјален одговор од Националното биро за осигурување во врска со најавените измени и неизвесноста околу издавањето на зелениот картон.

Редакцијата на Денар, минатата недела официјално се обрати до Бирото со прашања поврзани со иднината на овој документ, кој е неопходен за патување со возило надвор од државата. Јавноста со право бара појаснување: Дали зелениот картон ќе се укинува? Дали граѓаните ќе треба да вадат нови меѓународни осигурувања? Колку ќе чини тоа?

Националното биро досега не достави никаков одговор. Во меѓувреме, осигурителните компании избегнуваат да дадат јасна позиција, а граѓаните остануваат во неизвесност, особено оние кои планираат патување во текот на летната сезона.

Редакцијата на Денар и понатаму ќе ја следи темата и ќе инсистира на транспарентност и јасни информации од институциите. Граѓаните имаат право да знаат какви се промените што ги очекуваат.

С.Б.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП