ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕСместување на 50 метри од плажа за 25 евра, кафе 1 евро,...

Сместување на 50 метри од плажа за 25 евра, кафе 1 евро, ручек 5 евра и тиркизно море како на Малдивите!

Заборавете на скапите тури и масовни толпи – откриваме дестинација за август каде што можете да преноќите на 50 метри од чистата, тиркизна вода за само 25 евра по лице, да пиете кафе за само 1 евро и да уживате во ручек на брегот за 5 евра.

Македонците сè повеќе го избираат Ксамил во Албанија, бидејќи нуди прифатлив луксуз и неверојатна природна убавина. Изворите велат дека најевтиниот смештај веднаш до плажата може да се најде за околу 20-25 евра, но реално е да се очекуваат опции од 25 евра по ноќ во апартмани на 50 метри од морето.

Баровите и кафулињата по должината на брегот продаваат еспресо или капучино за околу 1 евро, додека менијата нудат свежи салати, риба и локални специјалитети за само 4 евра па нагоре. Сето ова е надополнето со бел песок и море кое изгледа исто како на „Малдивите“.

Ксамил се наоѓа на само 15 км од Саранда, веднаш до Грција, и е дел од Националниот парк Бутринт, заштитен од УНЕСКО. Морето е кристално чисто, песокот е бел – исто како сцена од туристички каталог.

Преку страници како Booking и Airbnb, може да се најдат апартмани на 50-100 метри од морето за 25-30 евра од ноќ, со оценка од гостите од околу 8-9. Уште полуксузните сместувања на плажа почнуваат од 60 долари.

Турското кафе чини околу 100-150 леки (1-1,3 евра), а порција морска риба и салата се движи од 500 леки па нагоре(околу 5 евра). Идеална комбинација од вкус и буџет.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП