Американските инвестициски фондови Argentem Creek Partners и Innovatus Capital Partners ја презедоа контролата врз еден од најголемите терминали за жито во Украина – Olympex во градот Одеса, по повеќегодишен правен спор.
До ова дојдоа по години судски спорови и со помош на администрацијата на претседателот Володимир Зеленски, објавува Financial Times (FT).
Партнерот на фондот Argentem, Џон Патон, објави дека терминалот би можел повторно да биде оперативен во текот на летото, најдоцна до септември, а оперативното управување ќе му биде доверено на шведскиот инвеститор Карл Стурен.
Според FT, спорот започнал кога украинските сопственици на терминалот, поврзани со групацијата GNT, не успеале да го вратат заемот од 95 милиони долари што го добиле од американските доверители.
Во истрагата е утврдено дека информациите за залихите на жито, кои биле обезбедување за заемот, биле фалсификувани. Еден од поранешните сопственици на терминалот, Владимир Науменко, беше уапсен во мај под обвинение за измама, а неговиот деловен партнер Сергеј Гроза тврди дека случајот е политички монтиран, објавува „Комерсант“.
Со одлуката на Врховниот суд на Украина од 9 јули, терминалот официјално беше префрлен во сопственост на американски фондови.
ФТ наведува дека капацитетот на „Олимпекс“ е околу пет милиони тони годишно, што го рангира меѓу клучните инфраструктурни објекти кога станува збор за украински извоз на жито.



