„Renault 5 Turbo 3E“ е распродаден до 2028-ма година, а само половина од вкупниот контингент е сè уште достапен.
Овој хипер-хечбек од 533 коњски сили е електричен почит кон оригиналниот „Renault 5 Turbo“, со целосно адаптирана платформа и перформанси што можат да се натпреваруваат со супер автомобили.

Многу е ексклузивен, со планирано производство од само 1980 единици – референца за годината кога е лансиран оригиналниот автомобил. Првите 1.000 примероци веќе се резервирани, а цените за останатите почнуваат од 155.000 евра, објавува „Autocar“.

Компанијата започна со изградба на првите прототипови и е на добар пат да започне со испорака до клиентите следната година, соопшти компанијата, додавајќи дека најскапиот автомобил на „Renault“ досега привлече разновидна клиентела.

„Имаме различни клиенти, но она што им е заедничко на сите е што се страствени за спортски автомобили. Некои го поседуваат оригиналниот „R5 Turbo“ и сакаат да имаат нов, а некои имаат повеќе автомобили – модели на „Alpina“, „Ferrari“ или „Porsche“, и мислат дека овој автомобил е различен, егзотичен“, додадоа тие.

Производството на моделот „3E“ треба да заврши во 2029-та година, а во моментов нема планови за слични екстремни ограничени изданија, но тоа не значи дека нема да има во иднина.

„Renault 5 Turbo 3E“ забрзува од 0-100 км/ч за помалку од 3,5 секунди, потоа од 0 до -193 км/ч за помалку од 9 секунди, а со сето тоа, неговата максимална брзина е 270 км/ч.



