ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадоначалничката Арсовска нападната во Чаир

Градоначалничката Арсовска нападната во Чаир

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска околу пладне била физички нападната додека извршувала службени обврски на територија на Општина Чаир.

Инцидентот, како што соопшти МВР, го пријавило друго лице со иницијали А.Ј., а не самата Арсовска, која по нападот се упатила во ГОБ „8 Септември“ за да побара лекарска помош.

Причините за инцидентот засега не се познати. Арсовска веќе неколку недели јавно говори дека добива закани, поради кривичните пријави против градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП