ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен бројот на странски туристи во мај

Зголемен бројот на странски туристи во мај

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во мај 2025 година изнесува 130 739, од кои 22.4 % се домашни туристи, а 77.6 % се странски туристи

Бројот на ноќевањата во мај 2025 година изнесува 231 313, од кои 28.8 % се од домашните туристи, а 71.2 % од странските туристи.

 Во периодот јануари – мај 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 16.3 %, односно кај домашните туристи има намалување за 1.0 %, а кај странските има зголемување за 23.6 %. 

Во периодот јануари – мај 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 12.0 % така што кај домашните туристи има намалување за 0.3 %, а кај странските има зголемување за 18.7 %.

Земји од кои дошле најмногу странски туристи во мај 2025 година:

  • 28 338 од Турција
  • 15 166 од Германија
  • 6 059 од Франција и    
  • 5 942 од Србија 

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП