ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на лежалките во Црна Гора ги налутија туристите(ФОТО)

Цените на лежалките во Црна Гора ги налутија туристите(ФОТО)

Во средината на јули, кога туристичката сезона на црногорскиот брег е во полн ек, од Будва пристигнуваат информации кои предизвикаа лавина од реакции на социјалните мрежи.

Имено, на една од плажите во ова популарно одморалиште, сет што вклучува две лежалки и чадор чини дури 150 евра!

Станува збор за плажата пред хотелот „Авала“, познат луксузен комплекс сместен веднаш до Стариот град.

И додека Будва традиционално е едно од омилените летни одморалишта во Црна Гора, оваа цена остави многумина во неверица.

Објавата предизвика лавина од коментари.

„Ако Будва е на Хаваи, ајде ве молам“, „Од што се направени лежалките и чадорите? Можеби Анџелина Џоли ќе не присружува?“, „Одмарам во Црна Гора 39 години, не затоа што не знам за подобро, сум била, сум видела, но сепак се чувствувам најубаво во Црна Гора. Но, ако продолжат вака, сериозно размислувам за други дестинации“, се само дел од коментарите.

Еден твитерџија дури се пошегува: „Кога ќе го завршат одморот, туристите добиваат „плажен мебел“ како подарок?“

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП