Промената на начинот на наплата на услугата за собирање и транспорт на отпадот, но и индивидуалната свест кај граѓаните може да ги промени работите во однос на животната средина и квалитет на живот кој го живееме во моментов. Селектирање, рециклирање, циркуларна економија. Ова се неколку поими кои се доста застапени во последно време но по се изгледа дека во Македонија на оваа тема повеќе се зборува отколку што се делува.
За да се востопстави циркуларна еконоија во земјава неопходно е промена на менталната матрица, а не технолошки решенија, тоа го имаме велат експертите. Циркуларната економија може и треба да направи револуција во нашите размислувања. Најбитно, експертите посочуваат дека треба да се трансформира потребата за сопствеништво. Од Македонската асоцијација за управување со цврст отпад велат дека се мора да почне од самите нас.
Зошто мора да ги поседуваме автомобилите, телефоните и сите други уреди кои ги користиме?! Ако ги поседува производителот, а граѓаните само ги користат, и на крајот производителот да има обврска да си ги земе назад за повторно да ги расклопи и склопи, а корисникот со некаква доплата земе нов производ. На тој начин производителот ќе може да добие нов производ со минимална инвестиција. За жал ова е многу далеку во нашата реалност, бидејќи циркуларната економија во Македонија значи само вртење во круг, додаваат експертите и велат се прават истите грешки и затоа на ова поле имаме многу слаби резултати. Нашата потреба за новитети е една од главните пречки за циркуларна економија. Од асоцијацијата велат дека треба да се промени начинот на размислување.
„Доста се трча само по профит, зошто да не се посегне по благосостојбата. Што е поентата од постојан раст и постојан профит ако тој профит завршува во џебовите на пет луѓе. Дали граѓаните живеат подобро, не. Циркуларната економија треба да не опамети. Мора да разбереме дека ресурсите на земјината топка се конечни а ние сакаме бесконечен раст. Не може да имате бесконечен раст со конечни ресурси.“ велат од Македонската асоцијација за управување со цврст отпад.
Во Македонија управувањето со цврстиот отпад е на едно многу лошо ниво а причините се: преоптоварени јавни претпријатија кои најчесто се превработени со неквалификуван кадар. А во западно европските држави вработените имаат двапати годишно тренинзи и обуки за најновите стандарди. Една од причините е и дека во над 90 отсто од случаите се во сопственот на општините но комуналните претпријатија се раководени од приватни фирми, најчесто јавни-приватни партнерства.
За да го промовираме или да го поттикнеме селектирањето, граѓаните треба да видат некој бенефит, да бидат мотивирани. Тоа е наплаќањето врз основа на количина на отпад, без разлика дали е таа врз основа на тежина или волумен. Тоа што треба да се направи прво според здружението е да се поттикнат граѓаните, второ треба да се обезбедат услови, треба да се обезбедат садови во кои ќе се селектира отпадот.
„Свеста за селекција на отпадот постои но домаќинствата немаат услови за тоа. Но како најголема пречка што ние го гледаме е системското наплаќање на услугите за собирање и транспорт на отпад, врз основ на метар квадратен од станбена површина, што е крајно дестимулативно за оние што сакаат да селектираат и рециклираат. Тие ќе платат иста сметка без ралика на тоа дали селектираат, дали компостираат дома.“ додаваат од асоцијацијата.
Дека не е се така црно, може да се потенцира дека во Македонија има и позитивни примери. Општина Прилеп е прав пример дека може да се селектира и тоа не претставува никаков проблем и граѓаните од тој град со задоволство го прифаќаат. Општината инвестирала во садови за селектирање плус добивала помош и донации, и покажува проактивен пристап на работите. Затоа оваа општина треба да биде пример како се постапува со отпадот, и сите останати треба да го следат тоа и ако немаат капацитет или не знаат како, да се консултираат со локалните власти од Прилеп, велат од асоцијацијата. Во Прилеп отпадот се селектира повеќе од 15 години.
И.П.