2 мај, 2025
ПочетнаКОМПАНИИКомерцијална банка продолжува со силни перформанси и во првиот квартал на 2025...

Комерцијална банка продолжува со силни перформанси и во првиот квартал на 2025 година

Комерцијална банка АД Скопје во периодот од 01.01. до 31.03.2025 година Банката од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 1.416,5 милиони денари наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 1.179,1 милиони денари, што претставува зголемување за 20,1 %.

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 2.024,4 милиони денари и бележат зголемување од 1,3 % во однос на истиот период минатата година.

Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и на 31.03.2025 година истите бележат минимално зголемување од 0,8 % во однос на истиот период минатата година. Планот е исполнет со 100,1 %. Приходите по основ на камата се зголемени за 1,3 %, при што најголем пораст бележат приходите од камата од домаќинствата и нефинансиските друштва како резултат на зголемените пласмани, како и приходите од камата остварени од секторот држава поради зголеменото вложување во државни хартии од вредност. Расходите по основ на камата се зголемени за 5,2 % поради зголемените орочени депозити споредено со истиот период минатата година. Нето каматната маржа на ниво на Банката е намалена од 3,94 % на крајот од првиот квартал од минатата година, на 3,65 % на 31.03.2025 година.

Нето-приходите од провизии и надоместоци на 31.03.2025 година изнесуваат 334,8 милиони денари и во однос на истиот период минатата година бележат минимално намалување од 0,5 %. Планот за анализираниот период е остварен со 114,1 %.

Нето-приходите од курсни разлики на 31.03.2025 година изнесуваат 113,3 милиони денари и бележат зголемување од 17,3 % во однос на истиот период минатата година, во најголем обем поради зголемениот промет на девизниот пазар. Планот за
анализираниот период е остварен со 143,4 %.

Останатите приходи од работењето на Банката на 31.03.2025 година изнесуваат 87,2 милиони денари и бележат зголемување од 0,9 % во однос на истиот период минатата година, главно како резултат на зголемените наплатени претходно отпишани побарувања. Планот е остварен со 27,7 %.

Оперативните расходи за периодот 01.01.-31.03.2025 година изнесуваат 553,3 милиони денари и во однос на минатата година се зголемени за 1,8 %, во најголем дел како резултат на зголемениот износ на плати и други трошоци за вработените, а во помал обем и поради зголемената амортизација. Планот е остварен со 78,6 %.

Нето исправката на вредност на финансиските средства заклучно со 31.03.2025 година изнесува 49,8 милиони денари и бележи позначително намалување во однос на истиот период минатата година кога изнесуваше 274,6 милиони денари. Намалувањето кај исправката на вредност на финансиските средства во првиот квартал од 2025 година главно се должи на добрата финансиска дисциплина и редовното сервисирање на обврските по кредити од страна на клиентите.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП