23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТохир мора да инвестира во Интер, инаку го губи клубот!

Тохир мора да инвестира во Интер, инаку го губи клубот!

inter trohir

Новиот сопственик на Интер, Ерик Тохир ќе треба сериозно да инвестира во клубот во следните 18 месеци, ако сака да ги задржи акциите од италијанскиот клуб.

Како што е познато, досегашниот шеф на „нероазурите“, Масимо Морати даде 70 проценти од своите акции на бизнисменот од Индонезија. „Газета дело Спорт“ открива дека во договорот меѓу двете страни има клаузула, според која ако Тохир не инвестира доволно во клубот од „Џузепе Меаца“, Морати ќе се врати на старата позиција.

Нафтениот магнат пак од своја страна бил разочаран од начинот на кој навивачите го изразија својот став кон него пред последниот дуел на гигантот против Ливорно. Ова беше последниот натпревар на Морати како претседател на трикратниот европски шампион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП