22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на куќите во поголемите европски градови ќе продолжат да растат во...

Цените на куќите во поголемите европски градови ќе продолжат да растат во следните 5 години

Нагорниот притисок врз цените на становите во поголемите градови во Европа ќе продолжи и во следните пет години бидејќи понудата не успева да одговори на брзиот раст на побарувачката. Цените на куќите се очекува да растат во просек за 3,5% годишно помеѓу 2025-та и 2029-та година. Тие ја надминуваат стапката на раст на приходот и тоа ќе продолжи да ја намалува достапноста на становите, предвидува во извештајот консултантската куќа „Oxford Economics“.

Цените на куќите во Европа се зголемија во изминатата деценија, особено во градовите. Во овој период, приходите на Стариот континент не успеаја да ги достигнат просечните зголемувања на цените на становите, намалувајќи ја куповната моќ на купувачите на станови во многу градови, пишува компанијата.

Помеѓу 2015-та и 2022ра година цените на куќите во европските градови се зголемија за 50%, додека расположливиот приход на домаќинствата е зголемен за само 20%. Но, овој тренд не важи за сите поголеми градови на Стариот континент. Берлин и Варшава се примери за места каде цените на куќите ги надминаа приходите, додека Рим и Осло не го следеа трендот. Во исто време, Милан, Париз и Лондон ги доживеаја двете страни на динамиката во различни фази. Додека јазот помеѓу цените на куќите и растот на приходот ќе варира во различни градови, „Oxford Economics“ очекува притисокот врз пазарите на домување низ континентот да остане висок на среден рок.

Достапноста на становите, што покажува колку едно лице може да си дозволи да купи или изнајми имот, се влошува од 2020-та на овој начин. Во повеќето европски градови, пристапноста се подобри меѓу 2013-та и 2020-та година. Но, порастот на цените на куќите од почетокот на пандемијата Ковид-19, надополнет со зголемувањето на кириите, енергијата и хипотекарните плаќања за домаќинствата, влијаеше на севкупната достапност на становите, забележува консултантската куќа.

Цените на становите во Атина се пониски отколку во многу други градови, но достапноста е поголем предизвик за жителите на грчкиот главен град од кој било друг голем град во Европа. Ова делумно се должи на слабата економија на Грција во последните десет години. Во 2023 -тагодина за 27,9% од домаќинствата во Атина, трошоците за домување биле преголем товар, т.е. овие трошоци сочинуваат над 40% од нивниот расположлив приход.

Во меѓувреме, во Германија, најголемата европска економија, има десет градови, вклучувајќи ги Берлин и Хамбург, кои се помалку достапни од просекот за еден европски град.

Јазот во пристапноста меѓу урбаните и руралните области во една земја е најизразен во Данска. Него го продлабочува главниот град Копенхаген, кој е на второто место меѓу најнепристапните големи европски градови.

Комбинацијата на релативно силна побарувачка поради растот на населението во големите градови и значителните ограничувања во понудата, вклучително и строгите правила за користење на земјиштето, регулативите за урбанистичко планирање и високите трошоци за изградба, ќе го задржат нагорниот притисок врз цените на куќите во големите европски градови во следните пет години, очекува „Oxford Economics“. Таа, исто така, предвидува дека вкупните трошоци за домување ќе продолжат да растат и дека сегашните разлики во достапноста меѓу земјите ќе продолжат.

Во согласност со нивните силни економски перформанси неодамна, источноевропските градови како Варшава и Прага забележаа најсилен раст на цените на куќите, а „Oxford Economics“ очекува моментумот во овие градови да се забрза во следните пет години.

Во исто време, големите престолнини како Лондон и Париз доживеаја неимпресивен кумулативен раст на цените на куќите од 4,8% и 5,1% соодветно помеѓу 2019-та и 2024-та година. Тоа е уште помалку импресивен во споредба со другите градови со развиени економии како што се Милано и Амстердам, каде што цените на куќите се зголемија за околу 39% и 38% соодветно во текот на разгледуваниот период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП