ПочетнаЕКОНОМИЈАТектонска промена: Apple го враќа TikTok во својата продавница

Тектонска промена: Apple го враќа TikTok во својата продавница

Apple ќе ја врати апликацијата TikTok, во сопственост на ByteDance, во американската Apple Store, по наредба на американската обвинителка Пем Бонди, објави Bloomberg, повикувајќи се на извори.

Apple вчера потврди дека апликацијата ќе биде повторно достапна оваа вечер.

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се одложува спроведувањето на забраната TikTok за 75 дена, додека апликацијата остана недостапна во продавниците на Apple и Google во САД, објави Ројтерс.

Претходните обиди за забрана на TikTok во САД беа мотивирани од загриженоста за безбедноста на податоците на американските корисници. Законот за заштита на Американците од апликации контролирани од странски противници, кој беше поддржан од двете партии во Конгресот.

„Го сменив мислењето за TikTok“, рече Трамп при потпишувањето на извршната наредба, што претставува значаен пресврт од неговиот претходен став кога ја поддржа забраната на апликацијата.

Иако TikTok е моментално зачуван, неговата долгорочна иднина во САД останува неизвесна. Доколку администрацијата на Трамп не постигне договор што ќе ги реши безбедносните грижи до почетокот на април, апликацијата би можела повторно да биде отстранета од продавниците. Кинескиот закон бара од компаниите да споделуваат податоци со властите по барање, што е главен извор на загриженост за американските законодавци.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП