ПочетнаИНТЕРЕСНОЉоренте не е на продажба

Љоренте не е на продажба

Спортскиот директор на Јувентус, Џузепе Марота изјави дека клубот нема намера да го продаде фудбалерот Фернандо Љоренте.

Медиумите шпекулираа дека Арсенал е заинтересиран за 28-годишниот напаѓач на Јувентус и дека англискиот клуб во јануари сака да го доведе на позајмица.

„Љоренте не е на продажба, никогаш не сакавме да го продадемe и тој ќе остане во клубот. Сите веруваат во него. Тој е одлично физички подготвен и задоволни сме како напредуваше“, вели Марота.

Шпанецот оваа сезона одигра 10 натпревари во дресот на Јувентус и постигна три гола, од кои два во пресметката против Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Љоренте во јули оваа година од редовите на Атлетико Билбао премина во Јувентус.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП