18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТотенхем сака да го позајми Коентрао

Тотенхем сака да го позајми Коентрао

fabio-coentrao-1

Во таборот на Тотенхем размислуваат за доведување на играчот на Реал Мадрид, Фабио Коентрао, откако не успеаа да го ангажираат во текот на летото.

Менаџерот на лондонскиот тим, Андре Вила Боаш беше решен да го купи репрезентативецот на Поргугалија како дел од договорот за Герет Бејл, но на крајот не беше постигнат договор.

Коентрао засега не успева да се наметне како стартер во составот на Карло Анчелоти, поради тоа би можел да се пресели „Вајт Харт Лејн“ за време на зимскиот преоден рок, но најверојатно како позајмен играч.

Португалецот беше блиску до премин во Манчестер Јунајтед во последниот ден од трансфер прозорецот, но од Реал сепак одлучија да го задржат.

Вила Боаш е заинтересиран да му предложи редовно учество во натпреварите на Тотенхем, а оваа можност за 25 -годишниот фудбалер не е за пропуштање, затоа што следи Мундијалот во 2014, за кој Коентрао заедно со соиграчите од националниот тим ќе мораат да го обезбедат пласманот преку бараж дуелот со селекцијата на Шведска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП