24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoodyear затвора фабрика во Франција

Goodyear затвора фабрика во Франција

Goodyear

Дирекцијата на „Goodyear“ на денешниот состанок, што се одржува во седиштето на овој американски прозиводител на гуми во Франција во Руел Малмезон, донесе одлука за затворање на фабриката во Амијан, која има 1.250  вработени, јави дописникот на МИА од Париз.

Со оваа одлука ќе бидат опфатени вкупни 1.173 работни места од фабриката во Амиан.

Во соопштението „Goodyear“ потсетува дека „затворањето е единствената можна опција по пет години неуспешни преговори“.

Синдикатот СЖТ веднаш повика на штрајк и на собир пред фабриката во Амијан на 12 февруари, кога на идниот состанок на Комитетот на претпријатието ќе биде претставен планот за затворање на фабриката.

Фабриката во Амијан, според „Goodyear“, во 2011 година остварила загуба од 61 милион евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП