27 април, 2024
ПочетнаИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТБарањата на приватните медиуми го одразуваат нивниот однос кон уметноста

Барањата на приватните медиуми го одразуваат нивниот однос кон уметноста

mmi

Здружението Македонска музичка индустрија (ММИ) оценува дека барањата на националните трговски радиодифузни друштва и Здружението на приватни медиуми се штетни за угледот на државата и го одразуваат нивниот однос кон уметноста и културата.

– Ова е објавување на војна со цел да се дезавуира остварување на право од интелектуална сопственост. Ако навистина опстојат на нивните закани дека во иднина ќе престанат да емитуваат музика на нивните програми, тогаш во многу ќе ја олеснат работата на ММИ, бидејќи нема да има преговори, затоа што ќе нема предмет за преговори. Но, за жал, сето тоа ќе биде на штета на авторите, изведувачите и продуцентите, се вели во реакцијата од ММИ.

Во реакцијата се наведува дека ММИ и Здружението на авторски музички права (ЗАМП) не бараат телевизиите да одвојуваат дел од своите средства, туку оти согласно законот се обврзани да го наплатуваат надоместокот за музичката содржина на програмите.

–  Кој не сака да плаќа, не мора да емитува музика, велат од ММИ.

Групацијата на националните трговски радиодифузни друштва и Здружението на приватни медиуми вчера побараа да и се одземе лиценцата на ММИ и да се направат измени на Законот за авторски и сродни права во делот на прибирање на средства од корисниците на овие услуги. Во спротивно најавија дека од 1 до 15 февруари секој ден во 20:13 минути ќе ја прекинат програмата со порака до гледачите дека единствен виновник за минимизирање на музичкото творештво во Македонија е ММИ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП