24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛацио казнет со 140 илјади евра

Лацио казнет со 140 илјади евра

lacio1

УЕФА го казни италијанскиот прволигаш Лацио со 140.000 евра, бидејќи неговите навивачи во натпреварите од Европската лига, упатувале расистички навреди кон играчите на Марибор и Тотенхем.

УЕФА, покрај паричната казна, го предупреди Лацио дека било каков сличен инцидент на следните натпревари, ќе резултира со празни трибини.

Навивачите на Лацио правеа нереди во Марибор и изразуваа расизам на трибините, за што добиа 50.000 евра парична казна, а на дуелот со Тотенхем покрај расистичките провокации можеа да се слушнат и антисемитски слогани, за овој дуел казната која му беше доделена на Лацио изнесува 90.000 евра.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП