25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКиниер сакал да си го купи својот играч!

Киниер сакал да си го купи својот играч!

kinner

За вакво нешто да се случи кај нас или во некоја друга помала фудбалска земја, можеби нема да изненади до толку. Но, ова се случи во, според многумина, најквалитетната лига на светот, Премиер лигата!

Тоа го стори спортскиот директор на Њукасл, Џо Киниер. Меѓу останатото е задолжен и за трансферите, а во последно време тој е на удар на навивачите бидејќи, по нивно мислење, нема ништо ново да му понуди на клубот.

Судејќи по следниот „гаф“, можно е навивачите на Њукасл да се во право.

Имено, Киниер од септември го следел Шејн Фергусон, кој моментално настапува за Бирмингем во Чемпионшип.

Фергусон може да игра и на позиција стопер и на позиција последен играч за врска, прав е „работник“, каков, според мислењето на Киниер, во овој момент му недостасува на Њукасл.

По одличните настапи во Бирмингем на Фергусон во Купот, Киниер конечно се решил, па испратил барање до Бирмингем и се распрашувал колку ќе бараат за 22-годишниот фудбалер.

Во Бирмингем останаа збунети од барањето, бидејќи Шејн Фергусон е токму фудбалер на Њукасл, кој е само на позајмица во Бирмингем до крајот на сезоната!

„Во прв момент мислевме дека тој се шегува, но откако неколкупати истакна дека му се допаѓа играта на Шејн Фергусон и дека би сакал да го купи, увидовме дека Џо Киниер всушност не знае дека тој е под договор со Њукасл. Навидум делуваше смешно, но не е така“, изјави анонимен сведок на ситуацијата за англиските медиуми.

Меѓутоа, Њукасл во изминатото коло успеа да го победи Челси и Жозе Мурињо, па веројатно на Џо Киниер ќе му биде простена оваа глупост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП