Се помалиот интерес на приватниот сектор да учествува во јавните набавки и да се натпреварува да добие работа од државата, ги принуди дел од бизнис здруженијата да размислат како повторно да се врати довербата кај компаниите, како повротно да се работи на подобрување на конкурентноста.
Тоа ќе значи подобра и поефикасна услуга за крајниот потрошувач а тоа се граѓаните, но и финансиска инјекција на фирмите добиена со јавни пари.
Бизнис конфередацијата има план за промена на овој модел со кој сега државата објавува јавни тендери, без да аудира дека оваа власт е виновна или пак претходната. Кога некои негативни работи се повторуваат постојано тогаш вината е кај сите досегашни ораганизатори на јавните набавки, велат од Бизнис конфереацијата.
Од владата сметаат дека во периодот што следи состојбите со јавните набавки ќе се подобрат. Во 2023 година во просек на еден државен тендер учествувале во просек 2,7 компании што е најлош резултат во последните 10 години.
Предлогот на Бизнис конфедерацијата на Македонија е да се формира посебна фирма која ќе биде задолжена да ги организира државните тендери. Таа фирма да биде под министерството за финансии, а од друга страна локалните самоуправи да го зголемат човечкиот капацитет кој ќе се занимава со оваа дејност и тие ќе ги организираат сите јавни набавки, ќе ги планираат со сите договорни органи. Планот е сите информации да доаѓаат на едно место. И што е најбитно ќе мора да се има и одговорност доколку се утврди дека постои некоја нерегуларност, или наместен тендер.
„Државата мора да стимулира економски активности. На тој начин се задржува и стимулира економијата, и тоа треба да биде исклучиво насочено кон македонските компании, и тоа само поради македонската економија. Можеби не звучи европски, можеби звучи нескромно но мора да ги промениме работите, или подобро кажано да ги донесеме во ред. Се уште постои таа тенденција дека тендерите и јавните набавки кои ги прави државата се договорени предвреме“, велат од Бизнис конфедерацијата на Македонија.
Тоа што е најзагрижувачки е податокот дека во една третина од државните тендери се јавила само една компанија, и таа најчесто го добивала бизнисот со државата. Невладините сметаат дека ваквото отсуство на конкуренција се должи на тоа што бизнисмените веќе ги препознаваат компаниите кои се фаворизирани од страна на властите. Последниот извештај на Центарот за граѓански комуникации покажуава дека една четвртина од вредноста на јавните набавки направени за една година ги поделиле десетина компании од земјава.
„Наодите од извештајот покажуваат дека 41% од лицата за јавни набавки по државните институции сметаат дека во набавките често има корупција. Најголем дел од нив велат дека најприсутна е корупцијата како последица на политичките интереси, и дека поголем генератор на корупција се фирмите отколку луѓето во институциите. И 51% од фирмите што учествуваат во јавните набавки сметаат во набавките има корупција, а со неа лично се соочиле 23% од компаниите вклучени во истражувањето“, велат од ЦГК.
Синдикалните здуженија во кои челнуваат и вработените од овој сектор велат дека тие луѓе секојдневно се соочуваат со многу одговорност и стресна работа, а работата ја извршуваат без никаков финансиски додадок, само плата иако на работното место се задржуваат и по повеќе од 10 часа.
Одговорот на властите за ова прашање беше, повтроно вперен прст кон опозицијата. Виновни се „секогаш“ другите кај нас. Од Илинденска број два ни посочија дека оваа влада ќе се залага за што посериозна борба против корупцијата и судирот на интереси.
И.П