20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДвојно зголемени приходите на Фиат

Двојно зголемени приходите на Фиат

fiatlogo

Приходите на италијанскиот производител на автомобили Фиат, кој го контролира и американскиот Крајслер, се повеќе од двојно зголемени во последниот квартал на 2012 година, благодарение на растот на продажба на американскиот пазар.

Фиат оствари добивка од 102 милиони евра во четвртиот квартал, што е значително повеќе во однос на 43 милиони евра за истиот период во 2011 година.

Нето профитот на Фиат во цела 2012 година се намали на 348 милиони евра од 1,3 милијарди во 2011 година.

Во сопственост на Фиат се наоѓаат 58,8 отсто од Крајслер, кој минатата годна оствари заработка од 1,7 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП