28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАлекс Фергусон: Биографијата ја објавив за навивачите на Манчестер Јунајтед

Алекс Фергусон: Биографијата ја објавив за навивачите на Манчестер Јунајтед

Alex Ferguson holding up his book

Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, открива дека неговата биографија е наменета за навивачите на клубот.

Фергусон по промоцијата на својата биографија, појаснува дека книгата не ја направил за негов личен публицитет, туку за навивачите на клубот да имаат појасен увид во неговата тренерска кариера на кормилото на Манчестер Јунајтед.

– Книгата ја напишав затоа што сакам на навивачите да им покажам колку е тешко да се донесе вистинската одлука.

Книгата е, луѓето да разберат колку е тешко да се води Манчестер Јунајтед, изјави Сер Алекс Фергусон.

Тој на кормилото на Манчестер Јунајтед мина 26 години, период во кој освои 13 шампионски титули, пет пати триумфираше во ФА купот, четири трофеи има од Лига купот на Англија, а најзначајни се двата шампионски трофеи освоени во УЕФА Лигата на шампионите, како и светските клубски првенства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП