ПочетнаСВЕТНајмалку 19 лица загинаа во израелски напад на училиште во Газа

Најмалку 19 лица загинаа во израелски напад на училиште во Газа

Палестинските здравствени власти вечерва соопштија дека најмалку 19 лица загинале, а десетици се ранети во израелски воздушен напад на училиште на југот на Појасот Газа, каде што се засолниле раселените Палестинци.

Министерството за здравство и портпаролот на локалната болница го потврдија бројот на жртвите и рекоа дека бројот на жртвите брзо ќе расте бидејќи има многу повредени. Израелската војска веднаш не го потврди нападот.

Израелски авиони денеска силно го бомбардираа и градот Газа на север, поради што илјадници Палестинци избегаа во засолништа и затворени здравствени установи поради најновата офанзива во северниот дел на Појасот.

Хамас предупреди дека проширувањето на израелските воени операции во главниот град на Газа и раселувањето на илјадници жители ќе има катастрофални последици за разговорите насочени кон воспоставување на прекин на огнот и ослободување на израелските заложници.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП