ПочетнаЕКОНОМИЈАБлаг раст на просечната плата во април

Благ раст на просечната плата во април

Државниот завод за статистика пресмета благ раст на просечната нето плата во април која изнесува 41 085 денари. Таа е зголемена за 589 денари во однос на претходниот месец.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (21.8%), Земјоделство, шумарство и рибарство (18.6%) и Информации и комуникации (18.0%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (6.3%), Информации и комуникации (5.7%) и Транспорт и складирање (4.9 %).

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП