ПочетнаЕКОНОМИЈАУгостителските услуги продолжуваат да растат

Угостителските услуги продолжуваат да растат

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во мај 2024 година, во споредба со април 2024 година, е зголемен за 0.3 %.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите: Храна за 0.4 %, Алкохолни пијалаци за 0.5 % и Безалкохолни пијалаци за 0.6 %.

Индексот на цените на угостителските услуги во мај 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 5.0 %.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги во периодот јануари – мај 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5.9 %, а во однос на декември 2023 година, е зголемен за 1.8 %.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП