24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООлимписките игри без Усеин Болт?

Олимписките игри без Усеин Болт?

Britain Usain Bolt

Светскиот и олимписки шампион и најбрзиот човек на светот, Усеин Болт можеби нема да биде во можност да настапи на Олимписките игри во Рио де Женеиро во 2016-та година.

Светската антидопинг агенција (WADA) и се закани на Атлетската федерација на Јамајка дека нема да може да настапи на Игрите и Светските првенства доколку не воведе чести допинг тестови.

Отакако петмина Јамајканци беа позитивни на допинг, меѓу кои и Асафа Пауел и Шерон Симпсон, „WADA“ побара голема истрага и чести тестирања на спортистите на Јамајка. Меѓутоа, тоа не се практикува.

„Тоа е неприфатлив став за кој разговараме веќе со години. Ќе реагираме во склад со нашите правила, нема да седиме мирно и да гледаме што се случува. Тие мораат да ги следат интернационалните стандарди, инаку во спротивно ќе следат драстични мерки“, се наведува во соопштението на „WADA“.

Иако најдобрите спринтери од Јамајка, Усеин Болт и Јохан Блејк се редовни на антидопинг тестовите на „IAAF“, доколку федерацијата на Јамајка не ги исполни барањата на „WADA“, можеби нема да можеме да ги гледаме на Игрите во Бразил за три години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП