14 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Да имав хипотека со оваа каматна стапка, ќе бев загрижен“

„Да имав хипотека со оваа каматна стапка, ќе бев загрижен“

Светската банка ги предупреди земјите во развој дека високите трошоци за задолжување може драматично да влијаат на нивната способност да го поттикнат моментално слабиот економски раст.

Последното предупредување на финансиската институција доаѓа откако продажбата на меѓународни државни обврзници на пазарите во развој достигна рекордни 47 милијарди долари во јануари, објави Ројтерс.

Заменик-претседателот на Светската банка, Ајхан Косе, им порача на одредени земји дека, кога станува збор за кредитирањето, „сè е драматично променето и дека нивните економии мора да растат многу побрзо“.

„Да имав хипотека со камата од 10 отсто, ќе бев загрижен“, вели тој.

Косе додаде дека може да излезе дека побрзиот раст е недостижен.

Податоците објавени денеска од Институтот за меѓународни финансии покажуваат дека нивото на глобалниот долг ќе достигне нов рекорд од 313 трилиони долари во 2023 година.

Дополнително, соодносот на долгот и БДП, што укажува на способноста на една земја да ги отплати долговите, во земјите во развој, исто така, повторно нагло се зголеми, што изврши нов притисок врз таквите економии.

Светската банка во својот извештај објавен во јануари предупреди дека светската економија во периодот 2020-2024 година имала најслаби полудецениски перформанси во последните 30 години, дури и ако се избегне рецесија.

Во 2024 година, глобалниот раст се очекува да забави трета година по ред на 2,4 отсто, пред да се зголеми до 2,7 отсто во 2025 година, сè уште далеку под просекот од 3,1 отсто од 2010-та, покажа извештајот на Светска банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП