29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБејл не е најскапиот фудбалер на светот

Бејл не е најскапиот фудбалер на светот

Gareth Bale of Spurs

Велшанецот Герет Бејл сепак не е најскапиот фудбалер на светот, откри претседателот на Реал Мадрид во интервју за една шпанска телевизија.

Флорентино Перез потврдил дека за Бејл е платена сума од 91 милион евра и дека тоа е износот на кој велшкиот интернационалец е осигурен.

– Тaa е вистината. На таа сума е платено животното осигурување за Бејл. Тоа е истиот износ за кој е доведен во Реал, нагласил Перез.

По оваа информација најскапо платен фудбалер останува Кристијано Роналдо кој во Реал дојде 2009 година за 94 милиони евра. За трансферот на Бејл од Тотенхем во Реал се шпекулираш со сума од 100 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП