ПочетнаИНТЕРЕСНОФергусон „доби“ улица во Манчестер

Фергусон „доби“ улица во Манчестер

fergi

Во градот на англискиот шампион Манчестер Јунајтед, вчера на една улица поставена е табла со името на легендарниот менаџер Алекс Фергусон.

Човекот кој повеќе од две и пол децении го предводеше клубот до многу титули во Европа и во домашните натпреварувања им се заблагодари на сите од Јунајтед со кои соработувал во текот на неговата кариера.

– Им благодарам на сите со кои имав можност да работам во клубот кој пред 26 години ме повика да седнам на тренерската клупа.

Го прифатив тој огромен предизвик, а еве сега се наоѓам тука каде е поставена табла со моето име, изјави Фергусон кој во моментов ги извршува функциите директор и амбасадор на клубот.

Улицата „Сер Алекс Фергусон“ порано се викаше „Вотерс рич“ и се наоѓа пред стадионот на
Манчестер Јунајтед, „Олд Трафорд“.

Општинските власти одлуката за преименувањето на улицата ја донесоа во септември како
награда која се доделува на најценетите нејзини граѓани.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП