ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за ноември 2023

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за ноември 2023

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.11 – 30.11.2023 година вкупниот промет изнесувал 347.242.428 денари и е зголемен за 8.16 отсто во однос на претходниот месец.

Класичното тргување изнесувало 311.616.813 денари и е зголемено во однос на октомври за 50,34 отсто кога изнесувало 207.277.301 денари.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 310.751.822 денари и обврзници во вредност од 864.991 денари.

Блок трансакциите за ноември изнесувале 35.625.615 денари.

Бројот на трансакции во ноември изнесувал 1.411 и е зголемен за 42,24 отсто во однос на октомври кога изнесувал 992.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за ноември се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи НЛБ Банка АД Скопје и третото место го зазема Алкалоид АД Скопје.

Месечниот статистички билтен за ноември 2023 година можете да го погледнете тука.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП