8 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДали знаете за што првично се користеле „QR“-кодовите?

Дали знаете за што првично се користеле „QR“-кодовите?

Ние користиме „QR“ кодови секој ден, но дали знаете од каде доаѓаат?

„QR“ кодот е тип на матричен баркод (или дводимензионален код) првично дизајниран за автомобилската индустрија. Релативно неодамна, системот стана популарен надвор од оваа индустрија поради неговата брза читливост и можноста за големо складирање на податоци.

Кодот се состои од црни модули распоредени во квадратна шема на бела позадина, а кодираната информација може да се состои од какви било податоци.

Измислен во 1994-та година од подружницата на „Тојота“ – „Denso Wave“ за брзо следење на возилата и деловите низ процесот на производство, „QR“-кодовите сега почесто се користат за најавување на веб-локации или Wi-Fi мрежи, споделување информации за контакт, плаќања преку мобилни телефони или складирање на податоци за авиокомпаниите и билети за воз на телефон и други уреди.

„QR“-кодовите (кратенка за кодови за брз одговор) беа меѓународно стандардизирани во 2000-та година, а корисниците на мобилни телефони во Јапонија веќе нашироко ја прифатија технологијата до 2002-ра година.

Иако „Denso Wave“ сè уште има патенти за технологијата, „QR“-кодовите се бесплатни за секој да ги користи без такси за лиценца се додека интелектуалната сопственост се користи во рамките на дефинираните „ISO“/„JIS“ стандарди.

Како и со секој друг сличен код, интеракцијата со „QR“-кодот е доволно едноставна: скенирајте ја со сензор за слика како камерата на вашиот паметен телефон и апликацијата што ја користите ќе го претвори кодот во бинарен, а потоа ќе прикаже информации или ќе изврши некоја акција.

Има безброј апликации посветени на читање „QR“-кодови, но многу популарни апликации почнаа да интегрираат скенери за одредени функции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП