ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен бројот на невработени во Црна Гора

Зголемен бројот на невработени во Црна Гора

crnagora1

Во Црна Гора, според податоците на Заводот за вработување, се пријавиле 31,170 невработени, пренесува агенцијата Франс прес.

Во споредба со извештајот од 23. септември, невработеноста е зголемена за еден процент.

Заводот за вработување минатата недела не го објави неделниот извештај за бројот на невработени. Стапката на невработени е зголемена од 13,3 на 13,4 проценти.

Најголемата стапка на невработеност од 32,7 проценти е забележана во јули 2000 година, додека најниската од 10,1 проценти е забележана во август 2009 година.

Од почетокот на годината Заводот евидентираше 11,120 нововработени, додека во летната сезона беа вработени 10,350 лица.

Заводот од почетокот на годината регистрираше 243 приправници, а биле издадени 18,490 дозволи за работа на нерезиденти.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП