20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШок за Бразил! Кошта сака да игра за Шпанија!

Шок за Бразил! Кошта сака да игра за Шпанија!

kosta

Бразилскиот фудбалер од редовите на Атлетико Мадрид, Диего Кошта сака да игра за репрезентацијата на Шпанија на Светското првенство во 2014-та година.

Според информациите од Фудбалската федерација на Шпанија усмено е договорено Кошта да почне да игра за таа земја. Сепак, тој нема да може да настапи на претстојните квалификациски дуели против Белорусија и Грузија.

„Диего Кошта сака да игра за шпанскиот национален тим, иако бирократијата тоа моментално го спречува“, се наведува во соопштението на „RFEF“.

Од шпанската куќа на фудбалот велат дека ФИФА бара дополнителни документи.

„Мерките веќе се превземени, играчот изрази желба да настапува за Шпанија и ќе игра во иднина“, стои во соопштението.

Кошта досега има два настапи за селекцијата на Бразил, но на пријателски натпревари. Овој 24-годишен напаѓач во Шпанија дојде во 2007-та година и тоа во Атлетико, кој тогаш го испраќаше на позајмица во Брага, Селта, Валјадолид, Албасете и Рајо Валјакано.

Диего оваа сезона, по заминувањето на првата ѕвезда на тимот, Радамел Фалкао, стана прв стелец во екипата. Тој на седум првенствени натпревари постигна осум гола. Светското првенство следната година ќе се одржи токму во родната земја на Кошта, Бразил.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП