20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТриглав Осигурување - спонзор на кошаркарскиот клуб „МЗТ Скопје – Аеродром“

Триглав Осигурување – спонзор на кошаркарскиот клуб „МЗТ Скопје – Аеродром“

g_logo-triglavforweb

Триглав Осигурување со задоволство објавува дека и оваа година ја продолжува соработката со „МЗТ Скопје – Аеродром“, како спонзор на најдобриот кошаркарски клуб во Македонија.

Како традиционален поддржувач на спортот, а особено на кошарката, Триглав одлучи повторно да застане зад „МЗТ Скопје – Аеродром“ и да обезбеди поддршка на најдобриот македонски кошаркарски клуб, сé со цел што поуспешно преставување на македонската кошарка, како на регионалната, така и на европската кошаркарска сцена, во рамките на натпреварувањата во АБА лигата, но и како прв тим кој ќе учествува во Еврокуп натпреварувањата.

По Евробаскет 2013, каде Триглав на ниво на групација беше главен спонзор и официјална осигурителна компанија, како и по спонзорството на македонската кошаркарска федерација, Триглав одлучи да ја продолжи традицијата и стратешката определба за поддршка на македонскиот спорт.

„Триглав постојано се стреми да има задоволни и лојални клиенти, обезбедувајќи највисок квалитет на услугите што ги нуди. Нашата мисија е да градиме безбедна иднина за сите и убедени сме дека една успешна компанија мора да биде инкорпорирана и да му помага на општеството во кое делува. Оттука и една од најважните вредности на нашиот бренд е корпоративната општествена одговорност. Токму поради тоа, Триглав силно верува во инвестирањето во националниот спорт и во важноста на неговиот развој. Вистинска чест и задоволство е што сум во можност да објавам дека Триглав Осигурување е спонзор на најдобриот македонски кошаркарски клуб ’МЗТ Скопје – Аеродром‘ и се надевам дека со нашата поддршка ќе придонесеме кон остварување на што подобри услови за работа  на тимот. Триглав ќе биде најголемиот поддржувач на кошаркарите на МЗТ и му посакува многу среќа и огромен успех на тимот во сезоната што следи”, изјави во оваа пригода главниот извршен директор на Триглав Осигурување АД, г. Ѓорѓе Војновиќ.

Управата на клубот „МЗТ Скопје – Аеродром“ се заблагодари за големата поддршка на Триглав Осигурување и изрази надеж дека досегашната соработка ќе продолжи и во иднина и ќе доведе до уште поголеми успеси на кошаркарската сцена.

„Без поддршката од нашите спонзори немаше да постигнеме толку голем успех. Поддршката од Триглав Осигурување и од другите спонзори за нас значи можност за поквалитетни тренинзи и сигурност дека на почетокот на новата сезона, во која ’МЗТ Скопје – Аеродром‘ ќе настапува на четири фронта, кошаркарите ќе можат да се посветат на својата примарна цел – што подобри резултати. Се надеваме дека заеднички ќе успееме, не само да го оправдаме епитетот најдобар македонски кошаркарски клуб, туку ќе направиме и Македонија да биде горда на високите успесите на ’МЗТ Скопје – Аеродром‘“, изјави генералниот извршен директор на клубот, г. Видоја Секулоски.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП