16 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул ја одреди цената за Суарез

Ливерпул ја одреди цената за Суарез

luis suarez

Ливерпул успеа да го задржи Суарез до јануари, но се поставува прашањето дали ќе им се спротивстави на понудите кои ќе пристигнат во зимскиот преоден рок.

Луис Суарез сакаше ова лето да си замине од Ливерпул, меѓутоа, „црвените“ ги одбија сите понуди. Реал беше многу блиску да го доведе, но преговорите околку трансферот на Герет Бејл беа успешно завршени и „кралевите“ немаа повеќе пари за трошење.

Сепак, Ливерпул објави дека ако Реал и натаму го посакува, цената во јануари ќе биде иста 55 милиони фунти.

Меѓутоа, имајќи во предвид дека Ливерпул одлично стартуваше и започнаа приказните дека „оваа е можеби таа сезона“ (Ливерпул е без титула во Англија од сезоната 1989-1990), па ако клубот биде во врвот кога ќе започне преодениот рок, би се очекувало да сторат се да го задржат.

Можноста за освојување на трофејот во Премиер лигата би можело да го промени и мислењето на Уругваецот околу заминување од Ливерпул, па ситуацијата на табелата веројатно ќе ја заврши оваа трансфер сага.

Охрабрување за навивачите на Ливерпул би можела да биде изјавата на самиот Суарез, кој неодамна рече дека за својата судбина ќе размислува дури на крајот од сезоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП