20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПелегрини има резервен план?

Пелегрини има резервен план?

pellegrini

Манчестер Сити загуби од првакот на Европа, Баерн Минхен на свој терен со резултат 3:1, а голманот Џо Харт е означен од страна на јавноста како еден од виновниците за овој неуспех.

Иако по натпреварот не сакаше да зборува за Харт како виновник за поразот, Пелегрини би можел на пазарот да побара замена за младиот Англичанец.

Како прв избор се наметнува Икер Касилјас, легендата на Реал Мадрид, кој после Мурињо не успева да му се наметне и на новиот тренер Анчелоти. Иако целата кариера ја помина во Реал, се почесто може да се слушне дека тој сака да замине во клуб кој ќе му обезбеди место меѓу стартерите.

Неговите агенти открија дека Икер ја „пикира“ Премиер лигата, што се совпаѓа со можните аспирации на Сити.

Касилјас најверојатно би чинел околу 20 милиони фунти, а би барал и поголема плата, која би можела да биде проблем за многу од заинтересираните клубови, но не и за „граѓаните“.

Поевтино решение за Пелегрини би можел да биде и Асмир Беговиќ, голманот на Стоук.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП