19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСпецијалниот подготвува понуда за Бензема

Специјалниот подготвува понуда за Бензема

benz-mou

Екипата на Челзи подготвува понуда за напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема.

Според информациите кои се појавија, менаџерот Жозе Мурињо сака да го засили нападот на тимот во текот на зимата, кога ќе се направи обид да се земе францускиот репрезентативец, кој е прв на неговата трансфер листа.

Оваа сезона поранешниот напаѓач на Олимпик Лион постигна вкупно четири гола за „кралскиот клуб“ во сите натпреварувања, но често е исвиркан од навивачите на клубот, кога пропушта некоја поволна ситуација за гол.

Шпанските медиуми пак, го повикуваат италијанскиот тренер Карло Анчелоти да го стави Бензема на клупата и да се потпре на младата надеж, Алваро Мората.

Ако Мурињо сепак го доведе францускиот репрезентативец, тогаш конкуренцијата во нападот на „сините“ ќе стане убиствена. Во моментов тимот располага со Фернандо Торес, Самуел Ето и Демба Ба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП