ПочетнаМАКЕДОНИЈАДенеска облачно со повремени врнежи од дожд

Денеска облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска претпладне ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, информираат од УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени Целзиусови.

И во Скопје ќе биде облачно со повремен дожд и со умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура во Скопје ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 24 степени.

Од утре, пак, како што најавуваат од УХМР, ќе настапи стабилизација со сончево и значително потопло време, освен во среда кога се очекува локален развој на нестабилна облачност со услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП