20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРобови ги градат стадионите во Катар!

Робови ги градат стадионите во Катар!

robovi

Работниците кои учествуваат во изградбата на стадионите за Мундијалот во Катар во 2022-та година, работат во робовски услови, пренесува „Гардијан“.

Станува збор за имигранти, најмногу од Непал, а според информациите најмалку 44 работници починале поради тешките услови за работа во текот на летото.

Според документите кои ги поседува амбасадата на Непал во Доха, повеќето од нив починале како последица на инфаркт и други срцеви проблеми, но и поради разни несреќи за време на работата.

Работниците најверојатно се сместени во несанитарни услови, а дури им се скратени и оброците додека работат, а тие дури мораат да ја плаќаат и водата за пиење. Како тоа го прават не е познато, затоа што со месеци немаат добиено плата.

Овие современи „робови“ неможат да го напуштат своето работно место, затоа што им се запленети пасошите и документите за работа, па немаат дозвола да ја напуштат оваа богата земја, која се збогати од наоѓалиштата на нафта.

Поголемиот број на работници во Катар пристигнале преку разните сервиси за вработување и за работата ги наплаќаат своите услуги.

На овие извештаи од Катар реагираше и потпретседателот на ФИФА, Џим Бојс кој започна итна истрага. Организаторот соопшти дека од сите изведувачи на работите на стадионите ќе бара нов кодекс.

Оваа вест за робовите-работници во Катар пристигна на само седум дена пред заседувањето на Извршниот комитет на ФИФА во Женева, а на кој би требало да се донесе одлука и да се направи преседан Светското првенство во Катар да се премести во зима, поради големите температури во оваа земја во текот на летото.

Температурите во Катар во текот на јули, кога обично Мудијалот се оддржува, достигнуваат и до 50 целзиусови степени.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП